Растителниот глицерин, познат и како глицерол, е безбојна, вискозна течност со благ, сладок вкус.Растителниот глицерин има широка примена и се користи како средство за задржување на влагата во прехранбените производи и козметиката. Се произведува обично од растителни масла, како што се кокосово, палмино или соино масло. Немa мирис и е карактеристичен по својата неутрална нота. Во прехранбената индустрија се додава во храната за да се спречи создавање на ледени кристали во замрзнатата храна како сладоледот и се користи при изработка на различни бонбони и фондани, при украсување на торти и колачи. Во козметиката , растителниот глицерин е популарна состојка во козметичките производи поради својата хидратантна и омекнувачка моќ. Се користи при производството на лосиони, креми, шминка, сапуни и дезодоранси. При домашна употреба,се користи за иработка на паста за заби или се додава во пастата за заби за да се спречи сушењето и стврднувањето на пастата во тубата.
Мултифункционална состојка која е декларирана како прехранбен производ, обезбедува широк спектар на можности за употреба во Вашето секојдневие.